Прослава на Денот на Независноста на Република Молдавија

By | октомври 25, 2013

На 27 август оваа година, Почесниот Конзулат на Република Молдавија во Скопје за прв пат организираше прием по повод прославата на Денот на Независноста на Република Молдавија.

Република Молдавија прослави 22 години независност на овој прием кој беше посетен од голем број на гости помеѓу кои и претставници на централната влада, дипломатските тела акредитирани во Скопје, бројни бизнисмени и членови на молдавското општество. Гостите имаа одлична можност да го вкусат духот на Молдавија со дегустирање на високо ценетите и нашироко познатите молдавски вина и коњаци.

Амбасадорот на Република Молдавија за Република Македонија со седиште во Софија, Г.Александар Пригорски за време на неговиот говор ја нагласи пријателската нота на заедничките односи и зголемената соработка на различни полиња помеѓу Молдавија и Македонија. Отворањето на два почесни конзулата во текот на оваа година, како и организација на економски и деловни посети беа исто така спомнати заедно со соработката на полето на европската интеграција како одлична можност за двете земји.