Со Одлука на Владата на Република Македонија на 09 Јануари 2013 година е дадена согласност за именување на Г-дин Серјожа Марков за Почесен Конзул на Република Молдавија во Република Македонија, Шеф на Конзуларната Кацеларија, со седиште во градот Скопје, со конзуларна надлежност на територијата на регионите Југозападен, Полог, Скопје, Северозападен и Источен.
Од страна на Министерството за Надворешни Работи и Европска Интеграција на Република Молдавија издаден е конзуларен патент на Г-динот Серјожа Марков во својство на Почесен Конзул на Република Молдавија во Република Македонија Скопје.
Почесниот Конзул на Република Молдавија во Република Македонија Скопје, Г-дин Серјожа Марков е во постојана соработка со Амбасадарот на Република Молдавија со седиште во Софија, Република Бугарија, Неговата Екселенција Г-дин Стефан Горда.
Почесниот конзул Г-дин Серјожа Марков е роден во 1967 година во Скопје. По професија е Адвокат кој поседува диплома од Универзитетот “Кирил и Методиј” Скопје, Република Македонија. Во 2006 година, заедно со Адвокатот Лазар Чукиќ го основаат Адвокатско друштво Чукиќ и Марков, во кое и до ден денес Г-динот Серјожа Марков е Адвокат Партнер.
Работел на проекти поврзани со инвестициите во Р. Македонија, соработка со голем број на интернационални компании, учество на голем број мегународни конференции од областа на правото( DIRO, JURITAX, ABA,BALKAN LEGAL FORUM ); предавач на обука организирана од страна на Порше лизинг, визитинг предавач на Американ колеџ Скопје.
Подетални информации за Адвокатското друштво Чукиќ и Марков може да најдете на следната веб адреса http://www.cukic-markov.com.mk