Отвoрање на Почесниот Конзулат на Република Молдавија во Република Македонија Скопје

By | октомври 25, 2013

Република Молдавија и Република Македонија се држави со традиционално добри пријателски односи, држави со меѓусебно високо ниво на разбирање и почитување, но во изминатите 20 години изостануваа конкретните резултати пред се на економски план, соработка во областа на културата, образованието , спортот и други сфери на општественото живеење.

Со одлука на Владата на Репбулика Македонија од 09 Јануари 2013 год. се даде согласност за отворање на Почесен Конзулат на Репулика Молдавија во Република Македонија и назначување на Почесен Конзул на Реублика Молдавија во Република Македонија Скопје. Со оваа одлука после 21 година независност, Република Молдавија и Република Македонија отвораат меѓусебно прво дипломатско конзуларно претставништво на ниво на Почесни конзулати.

Официјалнто отворање на Почесниот Конзулат на Република Моладавија во Скопје Република Македонија се одржа на 29 Мај 2013 во хотелот Александар Палас. На отворањето беше претставен Почесниот Конзул на Република Молдавија во Република Македонија Г-дин Серјожа Марков и посебно обраќање одржаа Амбасадорот на Република Молдавија во Софија, Неговата Екселенција Г-дин Александар Пригорски, како и претставникот на Владата на Република Македонија господин Јован Андоновски, Државен секретар во секторот за евроинтеграции при владата на Република Македонија.