Информации за визи

Информации за виза за Македонски државјани кои имаат намера да патуваат во Република Молдавија.

Од 31.07.2015 Република Молдавија го укина визниот режим за државјани на Република Македонија. Државјаните на Република Македонија можат да влезат и да престојуваат на територијата на Република Молдавија до  90 дена, во текот на шест месеци сметано од моментот на првиот влез во државата. Македонските државјани можат да ја преминат Молдавската граница со пасош со важност од најмалку три месеци од планираната дата на напуштање на територијата на Република Молдавија.

Информации за виза за Молдавски државјани кои имаат намера да патуваат во Република Македонија.

Со одлука бр. 42-9276/1 од 22. 09.2015година/ Сл. Весник на РМ Бр.166 се укинуваат визите за влез и краткорочен престој до три месеци во текот на секој шестмесечен период, сметајќи од денот на првото влегување во Република Македонија за државјаните на Република Молдавија.

Информации за визи

Почесниот конзулат на Република Молдавија во Република Македонија НЕ дава информации во врска со барања за Визи.

За барања за Виза и пасоши или во случај на итност, ве молиме котактирајте со Амбасадата на Република Молдавија во Софија, Република Бугарија http://www.bulgaria.mfa.md/visas-en/

Контакт:
Адреса: G.S. Rakovski 152 street, Софија 1142, Република Бугарија.
Тел.: + 359 2 935 6015
Факс: + 359 2 980 6475
Е-маил: consul@ambasadamd.org

Работно време:
Понеделник – Четврток 9.00 – 12.00 и 14.00 – 16.00